Захарова: Русија ги осудува чекорите на Приштина кои ја доведоа ситуацијата „до жешка фаза“

Од:

Русија цврсто ги осудува провокативните чекори на Приштина кои ја доведоа ситуацијата во Косово на работ на „жешка фаза“, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа нагласи дека одговорноста за антисрпските провокации ја имаат САД и Европската унија, пренесува Тас.

„Цврсто ги осудуваме провокативните чекори на Приштина кои ја доведоа ситуацијата до работ на жешка фаза, загрозувајќи ја безбедноста на целиот балкански регион. Одговорноста за тоа е целосно на САД и ЕУ“, рече Захарова.

Според неа, тие не направиле ништо „да ги вразумат косовските Албанци“ и да ги принудат да ги исполнат своите обврски од Бриселските договори од 2013 и 2015 година.

Би можело да ве интересира

Москва им порача на земјите од НАТО: Престанете да го спонзорирате Киев

Захарова: Мнозинството членки на НАТО се во зоната на директен удар на нуклеарката Запорожје

Катерина Ѓуровски

Захарова: Западот се преправа дека не го гледа вадењето органи од загинатите украински војници

Катерина Ѓуровски

Захарова: Бујар Османи избегнал атентат во Молдавија во февруари

Катерина Ѓуровски

Захарова: Во Америка се врши „геноцид“ врз руските новинари

Горан Наумовски

Захарова: Новинарот собирал строго доверливи информации

Горан Наумовски