Захариева: Процесот на евроинтеграција е неповратен за Западен Балкан

Од:

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека по бугарското претседавање со ЕУ, процесот на европска интеграција на Западниот Балкан е неповратен.

„Западен Балкан веќе учествува на состаноците на ЕУ на високо ниво, во рамки на работните групи, како и во текот на важни дебати, како што е таа за иднината на Европа“, истакна Захариева за време на состанокот со новиот генерален секретар на Централноевропската иницијатива, Роберто Антоњоне.

Захариева нагласи дека бугарската поддршка не престанува во тој процес и дека Бугарија нема да ги штеди своите напори за продолжување на европската интеграција на регионот.

„Фокусот на нашите заеднички напори треба да биде на изградба на административни капацитети“, додаде бугарската министерка, бидејќи, како што рече, само на тој начин земјите од регионот ќе бидат во можност оптимално да ги искористат фондовите на ЕУ.

Захариева ја истакна важноста на иницијативата како што е Централноевропската, за да се насочат средства и напори кон младите, образованието и науката во земјите од регионот.

„Различните регионални иницијативи нека работат во синергија за да се надополнуваат“, истакна Захариева.

Таа нагласи дека разните форуми, како што се Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Црноморската економска соработка и други, меѓусебно се надополнуваат и можат да соработуваат за подобри резултати во нашиот поширок регион.

Централноевропската иницијатива е основана во 1989 година како најстар регионален форум во централна, источна и југоисточна Европа. Иницијативата денес опфаќа 17 земји, вклучувајќи одредени земји-членки на ЕУ, земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Вархеји: Очекувам да работиме заедно со Лајчак

А1он

Вархеји: ЕУ и Западен Балкан заедно во борба против коронавирусот

А1он

Борел: Интензивна соработка на ЕУ со Западен Балкан во борба против пандемијата

А1он

Претседателите на парламентите од Западен Балкан бараат изземање од одлуката за рестрикција на извоз на медицинска опрема од ЕУ

А1он

Координација меѓу ЕУ и Западен Балкан за мигрантите

А1он

Мишел во Брисел домаќин на неформална вечера ЕУ-Западен Балкан