Загреб се врти кон Москва: дипломатска иницијатива за најмалку милион дози од вакцината „Спутник V“

Од:

Хрватска има за цел во следните недели да набави милион дози од руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, a можно е и двојно повеќе, доколку има потреба, пишува „Јутарњи лист“ повикувајќи се на извори во владејачката партија ХДЗ.

Со оваа набавка на вакцината, која се уште нема добиено дозвола за употреба во Европската унија, чија членка е Хрватска, властите се надеваат да ја постигнат целта – до летово 70 отсто од населението на земјата да биде вакцинирано. Ова е опсег на имунизација за кој се верува дека ќе ја запре епидемијата, што е особено важно за Хрватска пред летната туристичка сезона.

Високи извори од партијата на премиерот Андреј Пленковиќ велат дека целта е до почетокот на март во земјата да стигне респектабилно количество од руската вакцина, најмалку милион дози, а планот е тие да стигнат пред „Спутник V“ да добие зелено светло за употреба во ЕУ од агенцијата за лекови на Унијата, ЕМА. На тој начин, кога ќе стигне одобрението од Брисел, руските вакцини ќе можат веднаш да се користат, велат изворите за „Јутарљи лист“.

Тие додаваат дека ако ЕМА го одолговлекува процесот на одобрување на руската вакцина, домашната агенција за лекови, Халмед, „има начини да ја одобри“ пред тоа да го стори европскиот регулатор.

Хрватските власти ги почнале преговорите со Русите на почетокот на месецов, кога угледното научно списание „Лансет“ објави дека „Спутник V“ е безбедна и ефективна вакцина. Според изворите на „Јутарњи лист“, премиерот Пленковиќ и министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ директно преговарале околу набавката со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој на крајот на декември беше в оХрватска, како прв министер за надворешни работи на Русија кој ја посетил земјата по цели 16 години.

„Хрватска ги штити своите интереси и важно е вакцината да стигне пред ЕМА да ја одобри, затоа што тогаш нема да зависиме од распределбата внатре во ЕУ, туку од самите себеси, што е наше право. По тоа, строго почитувајќи ги правилата, ќе почнеме со вакцинацијата. Со тоа не кршиме ниту едно правило на Европската унија,“ вели изворот од ХДЗ за хрватскиот весник.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари