Загреб: Акција за симнување на малолетниците од улиците, упасени 51 лице

Од:

Во хрватската престолнина,во текот на викендот уапсени се 51 лице во акција чија цел било симнување oд улиците на малолетници помлади од 16 години, кои се надвор од дома без родителски надзор. Од уапсените 33-ца се малолетни, а приведени се во ноќта петокот кон саботата.

Но освен малолетниците уапсени се и други лица кои се фатени како го прекршуваат законот, па билансот на уапсени на крајот изнеувал педесетина лица. Малолетниците и нивните родители ќе се гонат според член од законот за семејни односи кои забранува ноќни излегувања на детето помладо од 16 години без придружба на родител или друга возрасна особа во која родителот има доверба.

Во Акцијата се “прочешлани“ 50-тина загребски угостителски објекти, во кој поред кршењето на законот за семејни односи, полицијата казнувала и за галама на јавно место, просење, вреѓање на полицајци, точење алкохол на малолетници. Кај некој од приведените била пронајдена дрога. А биле затворени и локали кои го прекршиле работното време. Покрај овие уапсени, полицијата истата вечер привела и 55 лица за прекршоци во сообраќајот.

Ваквите акции според загребската полиција ќе бидат се позачестени, за како што најавуваат ефикасна борба против малолетничката деликвенција.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари