Загина ученик по експлозија во просторија за управување со системот за парно греење во основно училиште во грчкиот град Серес

Од:

Ученик го загуби животот, а двајца се полесно повредени по експлозија во просторија за управување со системот за парно греење во основно училиште во грчкиот град Серес, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации несреќата се случила откако од експлозијата, врата паднала врз ученици.

Смртта на ученикот ја потврдија и Министерствата за внатрешни работи и за образование преку заедничкото соопштение во кое изразија жалење за трагичната загуба и истакнаа дека се во континуиран контакт со надлежната општина за расчистување на несреќата, но и дека ќе сторат се што е во нивна можност за откривање на причините и одговорноста.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен