Заедничка седница на владите на Косово и Албанија утре во Приштина

Од:

Владите на Косово и Албанија утре ќе одржат заедничка седница, на која се очекува потпишување на нови меѓудржавни договори и разгледување на можностите за унапредување на оние кои веќе се постигнати, јави дописникот на МИА од Приштина.

Оваа, осма по ред заедничка седница на двете влади, овој пат ќе се одржи во косовската престолнина, а пред нејзиниот почеток, закажан за во 11.15 часот во хотелот „Гарден“, ќе има кратка средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и неговиот албански хомолог, Еди Рама.

Според агендата што ја објави денеска кабинетот на Курти, по завршувањето на седницата, која ќе биде директно пренесувана, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

На досегашните седум заеднички седници се потпишани повеќе од 80 меѓудржавни договори, меморандуми и протоколи за соработка, меѓутоа, според домашните медиуми, повеќето од нив се уште не се реализирани.

Првата заедничка седница се одржа на 11 јануари 2014 година во Призрен и беше водена од тогашните претседатели на двете влади, Хашим Тачи и Еди Рама, кои тој настан го оценија како „историски“. Последната беше одржана во ноември минатата година во албанскиот град Елбасан.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов