Задолжителен седумдневен карантин и ПЦР-тест за влез о Грција

Од:

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, до 19 април ги продолжи авионските упатства, според кои за сите пристигнувања во земјата, задолжителен e негативен ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето, како и седумдневен карантин, со исклучок на државјаните на Израел кои имаат сертификат за вакцинација.

Авио упатствата се однесуваат на сите пристигнувања од странство, вклучително и од земјите- членки на ЕУ, а продолжена е и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји.

Државјаните на Израел кои ги примиле двете дози од вакцината 14 дена пред патувањето и имаат сертификат на англиски јазик се ослободени од седумдневниот карантин.

За сите пристигнувања во Грција задолжителна е и потврда за негативен ПЦР тест, на одредени категории ќе им се прават и брзи тестови при влезот на грчка територија, а ќе бидат тестирани сите оние кои пристигнуваат од Обединетите Арапски Емирати и од Велика Британија.

По пристигнувањето од Велика Британија, освен седумдневниот карантин, задолжителен е и нов ПЦР тест за завршување на седумдневниот карантин.

Согласно упатствата што се во сила од денеска, за руските државјани, летовите се само кон Солун, Атина и Ираклио на Крит, а дозволено е пристигнување на најмногу 4.000 лица седмично.

За пристигнувањата преку копнените граници, односно преку граничните премини Евзони од Северна Македонија и Какавиа од Албанија, карантинот е 14, наместо седум дена, а до 19 април продолжена е забраната за влез во Грција на државјани на трети земји.

Би можело да ве интересира

Нови правила за невакцинирани работници во Германија – нема плата за време на карантин

А1он

Грчката полиција нема да ги апси просветните работници по тужби од родители кои не веруваат во Ковид-19

Во Грција секоја седмица ќе се објавуваат податоци за случаи на Ковид-19 кај учениците

Условите за влез во Грција за македонските граѓани остануваат исти уште една седмица

Катерина Павлова-Николовска

Во Грција влез во судовите само со ковид-пропусница

Катерина Павлова-Николовска

Кривични пријави за две лица кои приложиле лажни ПЦР тестови на Скопскиот аеродром

А1он