Забранети посетите на Тачи и припадниците на ОВК во притворот во Хаг

Од:

Поранешните политички и воени лидери на ОВК, кои се приведени од Специјалниот суд во Хаг, можат само преку видо врска да комуницираат со членовите на своите семејства, а никој не може физички да ги посети.

Оваа информација ја потврди Специјалниот суд во Хаг.

-Посетите во притворската единица во моментов не се можни поради ограничувачките мерки поради коронавирусот. Со цел да се олесни редовниот контакт со семејството, овозможени се средби преку видео врски, изјави портпаролката на Специјалниот суд, Ангела Грип, пренесена од „Косово онлајн“.

Седум поранешни политички и воени лидери на ОВК се обвинети за серија злосторства, од заплашување на сведоци, до убиства и лошо постапување. На списокот на обвинети се Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Саљих Мустафа.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он