Забраната за движење во Грција продолжена до 27 април

Од:

Привременото ограничување на движењето на граѓаните во Грција што стапи во сила на 23 март, денеска е продолжено до 27 април 2020 година.

Ова денеска го соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас истакнувајќи дека граѓаните уште три седмици ќе бидат посветени на целта „остануваме дома“.

Во изминатите 24 часа во Грција од Ковид-19 починале девет лица, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 68, додека пак регистрирани се 60 нови случаи на заразени, односно вкупно 1.673 од почетокот на епидемијата, согласно податоците соопштени попладнево на редовната секојдневна прес конференција во Министерството за здравство на Грција,

Од хоспитализираните лица, 92 се приклучени на апарати за дишење.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски