Ако заштедат 30 отсто, ќе им се пресмета исто толку попуст на сметките за струја на граѓаните во Србија

Од:

Министерката за рударство и енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ денеска ги повика граѓаните на октомвриските сметки да внимаваат на попустот за заштеди во потрошувачката на електрична енергија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Домаќинствата кои ќе ја намалат потрошувачката на електрична енергија за пет до 20 отсто во однос на истиот месец лани имаат право на попуст од 15 отсто, за заштеда на електрична енергија од 20 до 30 отсто намалувањето ќе изнесува 20 отсто, а за заштеда поголема од 30 отсто ќе им се пресмета попуст од 30 отсто, истакна Ѓедовиќ, се наведува во соопштението од нејзиното ресорно министерство.

Попустот се прикажува на сметката под точка 6 – попуст за рационална потрошувачка на електрична енергија. Се пресметува врз основа на Заклучокот на Владата на Република Србија од 16 септември, со кој се препорачува Електростопанство на Србија (ЕПС) да дава попусти за домаќинствата кои ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија во периодот од 1 октомври 2022 до 31 март 2023 година.

Ѓедовиќ во соопштението уште еднаш апелираше до граѓаните и стопанството да се однесуваат одговорно и рационално во овие тешки моменти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски