За влез во Црна Гора веќе не е задолжителен ПЦР тест

Од:

Црногорската министерка за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ денеска изјави дека се укинува мерката за задолжителен негативен тест за Ковид-19.

Властите објавија извесно олабавување на заштитните мерки против ширењето на коронавирусот – се укинува забраната за меѓуградски превоз за време на викендот, но останува забраната за собири, со нагласок на прославата на Стара нова година и Василица.

– Прославите на Нова година според Јулијанскиот календар се забранети и на отворено и во затворен простор, истакна Боровиниќ-Бојовиќ.

Таа наведе дека угостителските објекти ќе продолжат да работат од седум до 20 часот, но и дека останува забраната за музика во живо.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора