За Уставниот суд на Албанија неспорен законот за територијална поделба

Од:

Уставниот суд на Албанија доцна попладне го отфрли и второто барање на опозициските демократи кои бараа испитување на уставноста на Законот за административно територијална поделба.

Со надгласување, Судот донесе одлука со која се отфрла барањето на Демократската партија за прогласување на Законот за антиуставен. Законот за територијална поделба останува во сила.

Претходно, на девети овој месец, Уставен суд го отфрли барањето на демократите за соборување на законот.

Прв веста ја објави премиерот Еди Рама на Твитер „Одлуката на Уставен стави печат на една историска реформа и го отвори патот за темелна реорганизација на територијата и услугите“, напиша Рама.

Со одлуките на Уставен Македонците ја изгубија и последната шанса да ги зачуваат македонските општини во областите Голо Брдо и Гора.

– Уставниот суд беше единствената надеж за да се врати назад законот. Одлуката на судот е штетна за македонското малцинство во Албанија, посебно за Македонците во областите Гора и Голо Брдо. Со оваа одлука се става крај на постоењето на општините во овие области. Како и законот така и оваа одлука на Судот се чекор назад во почитувањето на правата, изјави по соопштувањето на одлуката, претседателот на македонското друштво „Илинден“ Никола Ѓурѓај, јави дописникот на МИА од Тирана.

Со новиот закон, како што е познато, единствено општина Пустец и понатаму останува, а се укинуваат три општини во Голо Брдо и исто толку во Гора и се припојуваат кон општини со мнозинско албанско население, што, според малцинствата значи и нивна целосна асимилација. Македонците бараа општините да се обединат едните во општина Голо Брдо а другите во општина Гора.

Против новата територијална поделба се изјаснаа и припадниците на грчкото малцинство, како и Заедницата на единиците на локалната самоуправа, како и над 130 општини, кои најавија спроведување реферндум во секоја од општините.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија