За шест месеци албанската полиција запленила 1,2 тони марихуана, 110 кг кокаин, хероин, уапсени 100 лица

Од:

Во првите шест месеци од годинава албанската полиција запленила околу 1,2 тони марихуана, околу 4 килограми масло од марихуана, за кој постои сомневање дека бил увезен од странство, 6 килограми хероин, 110 килограми кокаин и околу 200 грама друга синтетичка дрога.

-Исто така запленети биле и 220.000 семки и околу 20.000 садници марихуана. Во меѓувреме, од контролата на отворени површини, полицијата уништила, со палење, околу 30.000 стебла. Нова појава е одгледувањето наркотици во затворени простории со помош на светилки, при што само за овие шест месеци се откриени 15 „нарко“ куќи, наведува Топ чанел.

Според истиот извор повеќе од 100 лица се уапсени за кривично дело одгледување наркотици.

-Независно што со години Министерството за внатрешни работи и државната полиција ја подготвија националната стратегија против одгледувањето канабис, повторно оваа појава е присутна на речиси целата територија на земјата, констатира телевизијата.

Според извештај за дрога објавен од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), Албанија е рангирана на седмото место во светот по потекло, тргнување и транзит на марихуана за периодот 2016-2019 година. Списокот од 154 земји го предводи Мароко.

Во истиот документ Албанија се споменува и во таканаречената балканска рута за хероин, која започнува од Пакистан, поминува низ Сирија, Турција, Грција, Албанија и завршува во западноевропските земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра