За првпат во историјата, една жена е на чело на Кипарскиот парламент

Од:

Кипарскиот Парламент денеска ја доби првата жена претседател, откако пратениците, при второто гласање, со 25 гласа „за“ ја избраа 35-годишната Анита Димитриу.

Димитриу е членка на централно десничарската партија ДИСИ, која победи на парламентарните избори пред десет дена, и партијата чиј лидер беше и актуелниот претседател на Кипар Никос Анастасиадис.

По изборот на Димитриу, Анастасиадис ја истакна важноста што земјата доби жена на позицијата претседател на Парламентот.

-Она што е важно е дека денеска се испраќа силна порака до сите жени на Кипар, до сите граѓани на Кипар дека жените можат и заслужуваат да бараат слични позиции, истакна Анастасиадис.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар