За неколку дена во Словенија приведени речиси 100 илегални мигранти

Од:

Словенечката полиција приведе 97 илегални мигранти кои претходните денови се обидоа да ја преминат границата во различни делови на земјата.

Како што јавуваат словенечките медиуми, копарската полиција имала најмногу работа и во периодот од средата до четвртокот во утринските часови привела 73 илегални мигранти, меѓу кои 62 државјани на Пакистан. Останатите мигранти биле од Бангладеш, Иран, Индија, Мароко, Сирија и Тунис.

„Приморске Новице“ објави дека жителите на селото Хрушица, во југозападниот дел на земјата, во вторникот забележале голема група од најмалку 100 илегални мигранти.

При потерата по мигрантите, едно полициско возило удрило во дрво и се превртело при што полесно биле повредени четворица полицајци.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски