За изгубени судења во Стразбур албанската Влада има 18 милиони евра заостанати обврски

Од:

Албанската Влада за загубени судски процеси во Старзбур, за периодот 2015/2019 година има неисполнети обврски од 18 милиони евра, објави Високата државна ревизија.

Во извештајот на ревизијата се наведува дека станува збор за четири пресуди на Европскиот суд за човекови права.

– Поголемиот износ од оваа фактура отпаѓа на само една одлука. Тоа е судењето на Џуви Шарџи и други против Албанија за уривање на хотел во месноста „студена вода“ во Валона, каде што како сопственик се јавува и таткото на сопругата на лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, наведуваат медиумите.

Судот во Стразбур ја осуди албанската влада на правосилна пресуда од 13,4 милиони евра за уривање на хотелот. Износот се уште не е исплатен од државниот буџет.

Покрај судењето за уривањето на хотелот во Валона, владата е осудена и за три други случаи од страна на Стразбур,кои имаат вкупна сметка од 5 милиони евра и тие сè уште не се исплатени.

Високата државна ревизија ја повика владата да ги почитува пресудите на судот во Стразбур, бидејќи во спротивно, нивниот износ би можел да се зголеми дополнително заради каматите.

Во последните години, Албанија изгуби над 50 милиони евра по изречени пресуди од судот во Стразбур, при што голем дел се однесуваат на пресуди за имот.

Во меѓувреме странски компании кои ја тужат Албанија во арбитражните судови бараат отштета во износ од една милијарда и 356 милиони евра. Против Албанија има девет активни тужби во арбитражните судови од каде се очекува одлука.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски