За една недела речиси 6.500 Грци побарале помош преку специјалната платформа за психолошка поддршка

Од:

Стресот поради ситуацијата, проблемите со децата, конфликти во семејството, се главните теми за кои грчките граѓани преку видео повици побарале помош и совети од програмата за психолошка поддршка на периферијата Атика и Медицинска асоцијација од Атина.

За една недела, од 20 до 27 март 2020 година, на специјалната платформа за телепсихијатрија, преку видео повици за справување со последиците од коронавирусот врз психологијата, помош побарале 6.948 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од периферијата Атика, речиси тројца од десет лица (29,83 отсто) кои побарале помош биле на возраст од 35-44 години, а 26,82 проценти меѓу 18 и 34 години, додека 72,3 отсто се жени, а останатите мажи.

Периферијата Атика и Медицинска асоцијација од Атина со поддршка на Грчкото психијатриско друштво и платформата за ментално здравје „Мелапус“ отворија специјална линија, преку интернет и видео повик за поддршка на лица кои имаат потреба од психијатриска и психолошка помош поради епидемијата на Ковид-19.

Префектот на периферијата Атика и претседател на Медицинска асоцијација од Атина Јоргос Патулис, рече дека актуелната ситуација и досега непознатите услови со кои се соочуваат луѓето, оставаат силен психолошки белег и на многумина им е потребна стручна поддршка.

Платформата им нуди на граѓаните бесплатно да стапат во контакт и да закажат сесија со психијатар или психолог специјализирани за телеконферениски да понудат помош и поддршка.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди