За 33 години во Албанија изградени 427.000 дивоградби

Од:

Вкупно 427 илјади незаконски згради се изградени во Албанија од 1982 година, па досега, соопштија градежните власти во земјата.

Зградите се изградени без дозвола за градба. Најголем број незаконски изградени објекти има во Тирана. Владин претставник изјавил дека повеќе од 350.000 албански граѓани се очекува да ги легализираат своите домови.

Новата албанска Влада презеде мерки за спречување на незаконското градење. Власта соопшти дека ќе ја забрзаат процедурата за легализирање на дивоградбите.

Новите измени во кривичниот закон, кои стапија во сила од 1 февруари, предвидуваат казна затвор до пет години за прекршителите.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата