Вулин: Војник испукал три истрели во воздух додека мигранти се обидувале да избегаат

Од:

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, изјави дека во центарот за мигранти Крњача во Белград, војник испукал три истрели во воздух како предупредување кога поголема група мигранти се обиделе да избегаат, по што тие се повлекле, јави дописникот на МИА од Белград.

-Војската обезбедува центри во кои се сместени мигранти, кои практично се ставени во карантин и тие не смеат да ги напуштаат. Познато е во кои случаи, според законот, војниците користат оружје, кажа Вулин, на ТВ Пинк, осврнувајќи се на инцидентот кој се случи на почетокот од оваа недела.

Тој додаде дека „сè е направено во согласност со правилата на службата“ и потсети дека во вонредна состојба српската армија ги обезбедува центрите за мигранти.

-Мигрантите не можат да излезат надвор од центрите, тоа понекогаш ги прави нервозни, но ние на прво место се грижиме за граѓаните на Србија. Нема излез, тоа е наредба, и сè додека не се промени, тие ќе бидат во мигрантските кампови каде што имаат сè што им е потребно, кажа Вулин.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов