Вулин: Формирањето косовска војска е напад на мировните напори на Вучиќ

Од:

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека за Србија е сосема неприфатливо формирање на косовска војска и ја повика меѓународната заедница да обезбеди почитување на Резолуцијата 1244 и да не дозволи формирање „нелегални оружени формации кои ќе го загрозат мирот и безбедноста“ во Косово и регионот.

– Одлуката на Приштина за покренување постапка за формирање т.н. војска на Косово е планиран обид за оневозможување на договор и напад на мировните напори на претседателот Вучиќ, оцени Вулин.

Во пишаната изјава до медиумите, Вулин прашува „за што воопшто би служела таа војска, за да се брани од Црна Гора и Македонија или за да ја нападне Албанија“.

– Единствена цел на формирањето војска е судир со Србија и ние нема да дозволиме да се подготви формација која според (Рамуш) Харадинај и (Кадри) Весели треба да стигне до Ниш, смета Вулин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Денеска се одржува четвртиот протест „Србија против насилството“

Горан Наумовски

Официјална Москва со став: Русија ќе продолжи да ја поддржува Србија во одбраната на нејзините легитимни права

ВИДЕО: Снимка од тепачка на матуранти од две белградски гимназии

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Ова е последната вечер на која ќе зборувам како претседател на СНС

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дачиќ: Дали знаете како светот гледа на народот кој го продава својот лидер

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Луѓето на митингот го фалат Вучиќ: „Само тој и тој, никој друг“

Ана Ололовска