Вулин: Црна Гора и Северна Македонија да се охрабрат и да проговорат за Голема Албанија

Од:

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ги повика денеска Црна Гора и Северна Македонија „да се охрабрат и да проговорат за Голема Албанија како најголемо зло и закана за мирот на Балканот, што се заканува и на иднината и на нивните деца, а не само на српските“.

Реагирајќи на изјавата на претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели за градот Ниш како „албански град“, Вулин оцени дека се работи за „апсолутно неприфатливо ѕвецкање со оружје“ и дека ЕУ и НАТО имаат одговорност „да ја запрат Голема Албанија“.

– Ако Европа брзо не сфати дека голема Албанија е најголемото зло и најголема закана за мирот на Балканот, ќе дочека воениот пожар да се рашири низ целиот Балкан. Не дозволувајте не осудените терористи, бидејќи бегаат од казнување, да го запалат целиот Балкан. Одговорноста повеќе не е на Србија и на Србите. Ова се предупредувања кои повеќе не може да се игнорираат, изјави Вулин.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески