Вулин бара построги казни за предизвикување пожари во Србија: „Неодговорни сме!“

Од:

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, изјави за време на неговата посета на Пчињскиот округ, кој се граничи со Северна Македонија каде во изминатите денови се евидентирани над 100 пожари, дека ќе инсистира на заострување на казнената политика кон сите кои предизвикуваат пожари со својата негрижа, ненамерно.

– Од 25 јули досега, Србија се соочи со повеќе од 850 пожари на отворено. Тоа покажува колку сме неодговорни, колку не мислиме, колку систематски не најдовме одговор за оние кои не се грижат ниту за себе, ниту за другите, изјави Вулин при посетата на областите погодени од пожарите.

Тој нагласи дека „сите оние кои предизвикуваат пожари од негрижа и невнимание мора да знаат дека ќе бидат пронајдени и ќе одговараат за се што направиле и материјално и на кој било друг начин“.

– Само во Пчињскиот округ, од 2 август досега се евидентирани повеќе од 100 пожари на отворено за чие гаснење се ангажирани 500 пожарникари и повеќе од 100 возила, кои беа повлечени од цела Србија за да се реши проблемот создаден од неодговорни поединци, кои не размислуваат дека палењето на стрништата може да запали цело село и некого да убие, истакна Вулин.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов