Вуцис: Оптимист сум дека грчкиот народ наскоро ќе ја разбере позитивната порака од Договорот од Преспа

Од:

Претседателот на Парламентот на Грција, Никос Вуцис е оптимист дека грчкиот народ со текот на времето ќе ја сфати корисноста на Договорот од Преспа.

Во интервјуто за првата програма на грчкото државно радио, Вуцис се осврна и на решението меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

-Многу сум оптимист дека во следните месеци и до евроизборите, но и до националните избори нашиот народ, во мнозинство, ќе ја разбере позитивната порака што ја дава решавањето на долгогодишниот проблем, порача Вуцис.

Претседателот на грчкиот парламент во интервјуто спомена дека во тек се подготовките за посетата на Алексис Ципрас на Скопје, но ја коментираше и средбата со Никола Димитров во Атина.

-Средбата што во петокот ја имав со господинот Димитров помина многу добро, а ова се покажа и со тоа што немаше реакции од други политички сили, од другите партии. Дадовме детални изјави, јавно и министерот за надворешни работи и јас, рече Вуцис за првата програма на грчкото државно радио, пренесе МИА.

Би можело да ве интересира

За утре закажан генерален штрајк во Грција

Ана Ололовска

Панајотопулос: Атина ќе потпише договор за надзор на воздушниот простор на Скопје

Ана Ололовска

Бегалци од Сирија со украдени пасоши и преправени во одбојкарски тим се обиделе да излезат од Грција

Ана Ололовска

Во вторник средба Заев-Мицотакис во Њујорк

Ана Ололовска

Вонреден состанок на грчката влада за ситуацијата во мигрантското/бегалското прашање

Ана Ололовска

На Лезбос капацитетите за сместување мигранти надминати за 400 отсто

Ана Ололовска