Вучиќ за Трамп: Кампањата против него е страшна, но уверен сум дека тој ќе победи на изборите

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за националната телевизија РТС изјави дека во САД се води „страшна кампања“ против американскиот претседател Доналд Трамп.

„Има страшна кампања против Трамп, ние се уверивме во тоа за време на престојот таму“, рече Вучиќ.

На прашањето каква е иднината на договорот со Косово потпишан минатата недела, тој рече дека тоа зависи од повеќе фактори, но пред сè од тоа каков ќе биде исходот на изборите во САД.

„Се зависи од тоа дали Трамп ќе биде избран или не. Се зависи од него, верувале или не, но Србија и понатаму ќе ги почитува обврските од договорот“, соопшти српскиот претседател.

„Ќе видиме кој ќе победи, Трамп заостана (позади Бајден), но тој се враќа“, изјави Вучиќ и додаде дека и покрај сè, тој е уверен дека претседателот ќе биде реизбран на изборите во САД кои ќе се одржат на 3 ноември.

Зборувајќи за потпишувањето на договорот за економска нормализација во Вашингтон, Александар Вучиќ рече дека Србија никогаш претходно немала поддршка од САД и дека „таа врата била затворена, сè до овој момент“.

Тој посочи и дека Србија сторила сè за да го зачува мирот, без да изгуби ништо и додаде дека Приштина сега треба да го исполни тоа што било договорено и дека „нема да ризикува Американците да го сменат односот кон нив“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски