Вучиќ – Волтерс: Комуникацијата на Војската на Србија и КФОР клучни за стабилноста

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во разговорот во Белград со врховниот командант на НАТО за Европа и командант на европската команда на американските сили, генералот Тод Волтерс, оцени дека мировните сили во Косово под водство на НАТО се гаранција за безбедноста на српскиот народ во Косово.

Како што соопштија од Прес службата на српскиот претседател, тој побарал началникот на Генералштабот на српските вооружени сили во секое време да може да стапи во контакт со командантот на КФОР и во исто време прифатил врвот на српската армија да биде достапен за комуникација со КФОР.

Генералот Волтерс прифатил во секој момент, без одлагање, да постои можност за меѓусебна комуникација, бидејќи тоа е важно за одржување на стабилноста во регионот како еден од столбовите на глобалната стабилност.

Вучиќ на средбата посочил дека соработката на српските вооружени сили со НАТО во рамки на програмата Партнерство за мир е во заеднички интерес и изрази надеж дека ќе се унапреди со цел да се изградат капацитети за придонес кон меѓународниот мир.

Во овој поглед, Вучиќ нагласил дека е усогласен новиот циклус на Индивидуалниот акционен план на партнерството, се наведува во соопштението на прес службата на српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов

Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило