Вучиќ: Во Загреб не одам бидејќи не сакам да ги нарушам односите со Хрватска

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека нема да оди во Загреб на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) бидејќи не сака да ги наруши односите со Хрватска, иако, како што вели, без проблем би одговорл на провокациите од таа земја.

– Да одам само за да ги нарушувам односите – нема, имако без мака би одговорил на провокациите. Уште помалку гледам смисла да одат за да им се додворувам, истакна Вучиќ.

Тој рече дека не гледа ниту стратешка ниту рационална причина за конфликт со Хрватите, но и дека односот меѓу двете земји треба да биде заснован на партнерски односи.

Претседателот на Србија и на Српската народна партија Александар Вучиќ одлучи да не учествува на Конгресот на ЕПП во Загреб на 20 и 21 ноември и за таа одлука писмено гои известил претседателот на таа партија Јозеф Даул, соопшти синоќа „Блиц“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари