Вучиќ во пресрет на Самитот на Неврзаните: Време е за обнова на идејата за политичка независност

Од:

Во пресрет на утрешното одбележување на 60-годишнината на Движењето на неврзаните земји во Белград, каде се очекуваат делегации од 105 земји од целиот свет, неколку претеседатели и премиери и 44 министри за надворешни работи со 550 учесници, претседателот на Србија Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил, изразувајќи гостопримство напиша и дека е дојдено време за обнова на идејата за политичка независност.

– Дождлив ден во Белград, но ден за гордоста на Србија. Пред 60 години, Неврзаните се собраа во Белград, денес е време да се обноват идеите за политичка независност и заедничко дејствување на слободните земји во светот. Среќен сум што сум на чело на Србија, која можеше и имаше сила да организира таков величествен собир, напиша Вучиќ.

Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател, тој утре наутро со свое обраќање на Белградскиот саем ќе го означи свеченото отворање на Комеморативната седница на Движењето на неврзаните, по што ќе следи обраќање на шефовите на делегациите.

Во бројните билатерални средби кои уште од денеска ги има срспкиот државен врв, како теми се дискутира и за косовското прашање и почитувањето на територијалниот интегритет на Србија, а на средбата со министерот за надворешни работи на Индонезија, Ретно Марсуди, претседателот Вучиќ ја поддржа идејата на претседателот Џоко Видодо, архивата на Движењето на неврзаните од времето на нејзиното основање во 1961 година да биде номинирана на списокот за светско наследство на УНЕСКО, соопштија од кабиннетот на Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ по средбата со Путин: Добивме неверојатна цена за гасот

А1он

Вучиќ и Сијарто го означија почетокот на изградбата на пругата Нови Сад – Келебија

А1он

Вучиќ ја прими третата доза вакцина против коронавирус

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Брнабиќ откри дека бил планиран атентат врз Вучиќ

Вучиќ со Џони Деп, кој ќе биде одликуван со орден за заслуги

Предраг Петровиќ

Вучиќ и Орбан го означија почетокот на работите на модернизација на пругата Суботица-Сегедин

А1он