Вучиќ ветува станови во Србија до 2015 година

Од:

До крајот на 2015 година би можела да биде завршена градбата на првите евтини станови во Србија што би чинеле само четвртина од цената на моментно најевтините станови што ги гради државата. Тоа во интервју за Неделник го изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

Според него за евтини станови предвидени се посебни пакет мерки.

– Сега ќе донесеме одлука државата да има право да дава бесплатно земјиште, но цената на становите да биде ниска, изјави Вучиќ.

За таа цел во моментот се во преговори со Араптека, една од најмоќните светски компании чија вредност е над 220 милијарди долари. Тој објаснува дека би се решил проблемот со полицајците и војниците од кои 40.000 се со нерешено станбено прашање.

– Да не зборувам за младите луѓе. Сметките се исти – ако изградат 100.000 станбени објекти тоа се 10 милиони квадрати, бидејќи тие не градат станови помали од 80 квадрати. Рок за плаќање би бил 20-30 години со банкарска камата од 3,1 до 3,2 отсто, без учество. Во тој случај рата за стан од 80 квадрати би била од 120 до 130 евра на месечно ниво, што е помалку од закупнина, вели Вучиќ.

Идејата за тоа според него, не би била само за Белград туку и за други градови.

Премиерот за денешен Блиц вели дека процедурите за изградба на тие станови би почнале веднаш.

Министерката за сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ вели за весникот дека државата е подготвена на инвеститори да им понуди бесплатно земјиште за градење станови.

Градежно-индустриската комора на Србија ја поздрави инцијативата на Владата.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ