Вучиќ уште мисли како да го врати Косово, се пожали Курти во францускиот печат

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за париски „Ле Монд“ изјави дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, Косово и натаму го смета како територија што Србија мора еден ден да ја врати.

Курти рече дека Србија „треба да се соочи со минатото и да стане подемократска“.

„Ле Монд“ во воведот на разговорот со косовскиот премиер забележува дека тој на 15 јуни за првпат се сретна со српскиот претседател Вучиќ, како дел од дијалогот со посредство на ЕУ во Брисел.

Весникот, исто така, наведува дека Курти е поранешен активист на политичкото крило на ОВК, кој поминал две години во затвор во Србија за време на војната во Косово, а подоцна го основал Движењето Самоопределување со револуционерна агенда и станал одлучен противник на „владите во континуитет на командантите на ОВК “.

Како што весникот истакнува, Курти сега е социјалдемократ избран врз основа на платформа за борба против невработеноста, корупцијата и организираниот криминал. Негов дипломатски приоритет е да обезбеди признавање од Србија, што Белград постојано го отфрла, уште од конфликтот наваму.

На прашањето кои се неговите впечатоци по првата средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел, Курти одговори: „Не беше лесно, но беше конструктивно. Јас инсистирав ништо повеќе да не се крие под тепих, па затоа треба искрено да се реши прашањето за меѓусебно признавање на Косово и Србија. На сите ни треба заемно признавање, а Вучиќ одговори дека никогаш нема да го признае Косово. Одбивањето на реалноста од една страна и вистината од друга страна доаѓа од истата логика. Србија мора да се дистанцира од деновите на Слободан Милошевиќ, што почна со апартхејд, а заврши со геноцид во Косово.

-Српските водачи мора да се оттргнат од наследството на Милошевиќ, изјави Курти.

Тој посочи дека Вучиќ, меѓутоа, смета дека Косово е територија што Србија мора еден ден да ја врати, без да ги земе предвид нејзиниот народ и граѓаните.

-Независноста на Косово е стара 13 години, не можеме да разговараме како пред 2008 година. Откако одлуката на Меѓународниот суд на правдата во 2010 година го потврди фактот дека прогласувањето на независност на Косово не го крши меѓународното право, оваа расправа е завршена. Нема да разговарам за статусот на Косово, тоа прашање е решено. Единствено прашање денеска е односот меѓу Косово и Србија. Вучиќ мора да го сфати ова. Србија треба да се соочи со минатото и да стане подемократска, рече Курти.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски