Вучиќ: „Торлак“ ќе биде најдобрата фабрика за вакцини во Европа, вложуваме десетици милиони евра

Од:

Србија наскоро ќе почне да произведува четиривалентна вакцина против грип, а во институтот „Торлак“ ќе бидат вложени 20 милиони евра, со цел тој да стане најдобрата фабрика за вакцини во Европа, напиша денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ на Инстаграм.

„Државата ќе вложи 18 милиони евра во капацитетите за полнење и пакување вакцини, за пакување на вакцини за грип, но и тетанус, дифтерија и вакцини против Ковид-19,“ напиша Вучиќ.

„За нашиот Торлак уште 20 милиони евра, за уредување на просториите и обнова на фасадите, ќе ги уредиме и парковите и пристапните патишта до институтот. Од Торлак ќе направиме најдобра фабрика за вакцини во цела Европа,“ додаде тој.

„Она што е најрадосната вест – од денес покренуваме постапка, правиме бизнис план и влегуваме во процес на производство на четиривалентна вакцина против грип,“ напиша српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски