Вучиќ: Србите и Хрватите мора да сметаат едни на други

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се сретнал со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во Ерусалим и дека имал добар и пристоен разговор со неа.

Тој, исто така рече дека секогаш се обидува да одржува најдобри односи и дека е сигурен дека Србите и Хрватите ќе имаат подобри односи во иднина.

Ќе мора да живееме заедно и да сметаме едни на други во иднина, рече Вучиќ пред новинарите по неговата посета на Ерусалим, каде се одбележа 75-годишнината од ослободувањето на логорот во Аушвиц.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски