Вучиќ: Со промена на пристапот Србија агресивно ќе го нападне вирусот

Од:

„Со промена на пристапот во борбата против епидемијата на коронавирусот, Србија суштински и агресивно ќе го нападне вирусот“, изјави претседателот Александар Вучиќ, на денешната прес конференција, која ја почна со информација дека во Србија е забележан и трет смртен случај од коронавирусот, на жена на возраст од 60 години.

Вучиќ со премиерката Ана Брнабиќ по седницата со членовите на економскиoт и здравствен кризен штаб и тимот на лекари од Кина, по нивна препорака за кинеското искуство ги објасни мерките на агресивниот пристап во борбата против коронавирусот.

Како прва мерка на промена на пристапот, тој најави масовно тестирање на населението на епидемијата на коронавирусот, на што е можно поголем број граѓани, кое ќе почне во наредните 48 часа.

-Целта е да се опфатат што е можно повеќе луѓе, да се соберат сите што се заразени и да се лекуваат. Со ова ќе опфатиме и мал дел од скоро здраво ткиво, а она што ќе остане ќе биде целосно здрав организам. Така Кинезите го победија вирусот, а кај нив во еден град, сличен на големината на Србија, кризата траеше 29 дена, објасни Вучиќ.

Како втора мерка Вучиќ го најави новиот пристап во тријажа на пациентите, според која сите полесни случаи на заразени пациенти ќе бидат сместени во карантин, за што ќе се подготвуваат околу 3.000 кревети на Белградскиот саем и повеќе илјади кревети во други места во Србија. Целта е, како што кажа Вучиќ, и полесните пациенти да се изолираат и да имаат брзо лекување.

-Средно заболените лица ќе се третираат со неинвaзивни респиратори, додека потешките случаи ќе се третираат со клинички респиратори во болниците во Србија, изјави Вучиќ.

Поради позитивното искуство во лекувањето со лекот хлоракин и по кинеска препорака, српскиот претседател најави дека овој лек во комбинација со кинестата традиционална медицина ќе биде употребуван во лекувањето на заболените, воедно најавувајќи почеток на производство на лекот во Србија.

Уште една мерка која Србија ќе ја употреби во суштествената борба против епидемијата е стриктната изолација на секој заболен и остри казни за непочитување на изолацијата, со казни и до 12 години затвор.

Вучиќ се заблогадари на кинеската помош, најави дека Србија ќе добие 20 милиони маски, а за 15 дена ќе има и три пати повеќе респиратори.

Во поглед на економските мерки, тој најави за десетина дена презентирање на нов економски програм чија цел е справување со економските последици од епидемијата на коронавирус во Србија.

-Ние подготвивме многу пари, притоа нема да ги намалуваме пензиите, ниту пак платите, туку овие пари ќе ги насочиме во јакнење на приватниот сектор, изјави Вучиќ, додавјќи дека овој програм ќе биде насочен кон туристилкиот сектор, земјоделието и други сектори.

Тој меѓу останатото, најави дека парична помош ќе добијат само оние фирми, кои нема да отпуштаат работници, за време на епидемијата

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“