Вучиќ со францускиот амбасадор: Одговорете ни што ќе биде со евроинтеграциите на Србија

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната средба со францускиот амбасадор во Белград, Жан Лиј Фалкони имаше разговори околу „идната политика за прошурување на Европската Унија, по преставување на францускиот предлог за измена на методологијата на пристапниот процес“, соопштија од Кабинетот на српкиот претседател.

Како што јави дописникот на МИА од Белград „претседателот Вучиќ, се заблагодарил на амбасадорот Фалкони на иницијативата за појаснување на француската идеја за реформи во процесот на пристапување во ЕУ, со оглед дека членството во ЕУ е приоритет за надворешната политика на Србија“.

-Имаме доверба во претседателот Макрон и неговите политички проценки, но во исто време важно ни е да добиеме јасен одговор на тоа што ќе се случи со евроинтеграциите на Србија и на што можеме да сметаме кога ќе исполниме одредени критериуми“, кажа претседателот Вучиќ.

Амбасадорот Фалкони рече дека предлогот на претседателот Макрон е сеопфатен со цел да ја доведе Европската унија во состојба да добро функционира со повеќе земји-членки, бидејќи ставот на Франција е јасен – целта на пристапниот процес е полноправно членство за кандидатите кои ги спроведуваат сите потребни реформи. Тој истакна дека, кога станува збор за Србија, без оглед на каква било промена во методологијата, мора да се земе предвид досега постигнатиот напредокот на европскиот пат. Тој, исто така, истакна дека францускиот предлог мора да почека на новата Европска комисија, бидејќи за да може да заживее, треба да се усогласи со земјите-членки и со европските институции.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати