Вучиќ: Сега цел свет гледа кој сака ескалација на Косово

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на безбедносниот форум во Прага. На средбата со новинарите тој изјави дека имал многу важни средби, пред се со Урсула фон дер Лајен и Мирослав Лајчек.

„Се надевам дека до крајот на годината ќе видиме јасен напредок на Србија на европскиот пат. Но, навистина не сум подготвен да кажам дека ќе бидеме дел од ЕУ во 2028 година, додаде тој.

На прашањето за ситуацијата на Косово тој рече дека сегашната ситуација ја гледа како чиста провокација на Албин Курти.

„Зборував со Лајчак за Косово. Важно е дека и Европејците и Американците го осудија однесувањето на Курти. Важно е дека КФОР ги држи своите позиции на мостот на Ибар. Воопшто не го разбирам албанското раководство што сака. Ќе блокираат недела, месец…Единственото добро што може да излезе од оваа ситуација е што целиот свет ќе види кој придонесува за нестабилноста на целиот регион“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Вучиќ: Потпишав согласност за служење воен рок од 75 дена

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Путин: Го очекуваме Вучиќ на форумот на БРИКС

Горан Наумовски

Продажбата на српско оружје на Израел забележа огромен пораст, вредност од 7,3 милиони евра само во јули

Предраг Петровиќ

Макрон: Местото на Србија е во ЕУ

Горан Наумовски