Вучиќ: Се сомневам на една личност дека го пишувала нон пејперот

Од:

За српскиот претседател Александар Вучиќ во таканаречениот „нон-пејпер“ за Косово, што го објави приштинскиот весник „Коха диторе“, има „многу работи“ што би ги посакале Србите, но и дел за признавањето на Косово, за кое тој смета дека е „страшно за Србите“.

Вучиќ оцени дека „нон-пејперот“ го составил „некој многу паметен“.

– Гледам дека сите негираат, но овој вториов ми создаде повеќе грижи од првиот нон-пејпер затоа што ова е напишано и измислено од некој многу паметен. Напишано е од некој што е фантастичен познавач и тоа се околу 50 луѓе во светот…Се сомневам на една личност стои зад тоа. Станува збор за фантастично паметна жена, рече Вучиќ.

Тој додаде дека само ќе ги анализира политичките мотиви на таквиот текст, имајќи предвид дека, како што рече, дијалогот со претставниците на Приштина започнува „дури“ на 11 мај.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов