Вучиќ: Се плашам дека ќе влезме во голем светски конфликт каков што немало од Втората светска војна

Од:

Главната дебата на 77-та сесија на Генералното собрание на ОН почна денеска со обраќање на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој им порача на светските лидери дека земјите се „заробени во масовна глобална дисфункција“ и не се подготвени да се соочат со водечките предизвици кои ја загрозуваат иднината на човештвото и судбината на планетата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ќе зборува на собранието на ОН, оцени дека ситуацијата е уште полоша отколку што ја опиша првиот човек на ОН.

„Мислам дека реалните прогнози мора да бидат уште помрачни од она што го кажа Гутереш. За нас ситуацијата е уште потешка бидејќи ОН играат послаба улога во светот, големите сили презедоа сè на себе. Така што денес најголемиот собир е овде над 150 суверени, шефови на држави, премиери, што значи дека луѓето бараат надеж. Во секој дел од светот има безброј кризи, секако тешка слика за сите нас“, рече претседателот на Србија, пренесува Блиц.

Според него, не е тешко да се погоди што ќе каже претседателот на Русија Владимир Путин.

„Се приближуваме до голем воен конфликт, се плашам дека за месец-два ќе влеземе во голем светски конфликт, каков што не сме имале од Втората светска војна. Но, наше е да обезбедиме безбедност на граѓаните“, додаде Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“