Вучиќ разговараше со Зеленски: Не го призна Косово, зошто да не му подадам рака

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека имал краток и фер разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, затоа што, како што истакна, „зошто да не му подадеме рака на човек кој не ја признава независноста на Косово“.

„Украина не ја призна независноста на Косово и го почитува територијалниот интегритет на Србија, исто како што Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина. Имавме краток и фер разговор, но одлуката за санкции ја носат граѓаните на Србија преку нивните лидери “, изјави Вучиќ за новинарите по самитот на Европската политичка унија во Кишињев.

На прашањето дали разговарал со украинскиот претседател за воведување санкции против Москва, Вучиќ рече дека Србија ја донела својата одлука во март 2022 година и дека позицијата на земјата не може да се смени само со еден разговор.
.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Убиените се Срби од Косово, убиени со снајпер, се побуниле против теророт на Курти

Предраг Петровиќ

Вонредно обраќање на Вучиќ: „Претседателот на Србија ќе ги разоткрие сите лаги на Курти“

А1он

(ВИДЕО) Се појави игра инспирирана од Вучиќ: „Јади паризиер“

Путин: Етничкиот Евреин ја прикрива глорификацијата на нацизмот во Украина

ВИДЕО: Зеленски дојде кај Бахмут

Зеленски го разреши министерот за одбрана, Резников

Предраг Петровиќ