Вучиќ разговараше со Столтенберг за состојбата на северно Косово

Од:

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со состојбата на северно Косово, јави допиникот на МИА од Белград.

-Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно да се продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека мирот и стабилноста се од клучно значење, не само за Србија и регионот, туку и за сите оние кои живеат на Косово и Метохија, се наведува во соопштенеито на прес службата на Вучиќ.

Тој во разговорот со генералниот секретар Столтенберг го презентираше ставот на Србија во однос на исклучително тешката ситуација на Косово и го запозна со активностите на Приштина кои предизвикуваат дополнителен страв и немир кај граѓаните од српска националност.

-Исто така, претседателот Вучиќ уште еднаш истакна дека Србија со ниту еден потег не го прекршила ниту Бриселскиот договор, ниту Резолуцијата 1244, бидејќи на ниту еден начин не го загрозува зачувувањето на мирот, туку дека продолжува да се однесува одговорно и сериозно во решавањето на проблемите и отворени прашања, се наведува во соопштенито.

Двајцата соговорници се договорија да продолжат со директна комуникација со цел да се зачува мирот и стабилноста во целиот регион, а претседателот Вучиќ му се заблагодари на генералниот секретар Столтенберг за коректниот однос и желбата да ја сослуша српската страна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Од нас се бара признавање на Косово, санкции за Русија, Западот сака марионетски режим во Србија

Ковачевски: Одбележувањето на Свети Сава за нас и за нашата држава е порака за заедништво, почит и меѓусебна соработка

(ВИДЕО) Вучиќ од Скопје: Србите немаат поблизок народ од Македонците

Катерина Ѓуровски