Вучиќ прогласи вонредна состојба во цела Србија

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ по вечерашниот состанок со Кризниот штаб и со Владата кажа дека воведува вонредна состојва на целата територија на Србија.

„По искуствата и се што сме поминале, недоволна дисциплина во разбирање на пораките што ги праќавме, а врз основа на Уставот на Србија и по барање на министерот на одбрана и премиерката, ве известувам дека донесовме одлука за вонредна состојба на територијата на цела Србија, рече Вучиќ.

„Србија денека е во војна со невидлив противник, опасен противник која мора да го победиме. Борбата што претстои е борба за нашите родители, но и за иднината на Србија. Нашите постари, родителите ги изградија нашите градови, направија се што имаме, денес се тие нападнати пред се и затоа мораме да направиме се што можеме да им помогнеме“, изјави Вучиќ во обраќањето.

Тој додаде дека ако мора, за 72 часа ќе донесат обврзувачка одлука сите да останат дома, доколку се крши дисциплината со вонредната состојба и кај само еден процент од граѓаните.

„Пензионери, ве молам не излегувајте од дома, не излегувајте никаде, ќе имате помош за се. Многу поорганизирани држави од нас паднаа на овој испит. Ве молам не излегувајте од дома“, повикуваше Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски