Вучиќ: Пораз на претседателските избори ќе значи и мое заминување

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека пораз на кандидатот од неговата Српска напредна партија (СНС) на претседателските избори, би значело и негово заминување од премиерската функција, пренесуваат српските медиуми.

„Нема никакви сомнежи дека пораз на претседателските избори не мора да значи заминување на сите министри или промена на структурата на политичките партии во владата, но секако дека ќе значи мое заминување“, заклучил српскиот премиер. Тој претходно изјави дека претстојните претседателски избори се прашање за определувањето на иднината на земјата.

Според Вучиќ, доколку победат „оние кои веќе победиле – Јанковиќ, Јеремиќ, Шешељ, тоа ќе има значително последици за иднината“. „Тоа значи дека луѓето сакаат да ја променат политиката и сметаат дека ова што ние го правиме не е добро. Не мислам дека е така, мислам дека такво нешто би било погубно, но никогаш не би навлегол во волјата на народот“, рекол тој.

Вучиќ додал дека состојбата на кохабитација би значела дека претседателот секој ден нешто би попречувал, би ги имал сите права и никакви обврски.

„Додека лВадата би работела, тој некој би седел, а Николиќ тоа никогаш не го правеше. Тој би ги имал сите права а никакви обврски. Нас ни треба некој кој ќе работи со владата, и не сакам да учествувам во `мрцварењето` на земјата“, навел Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ