Вучиќ околу нон-пејперот за нови граници на Балканот: Отворен сум да разговарам за сите идеи

Од:

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел и српскиот претседател, Александар Вучиќ се произнесоа за наводниот нон пејпер и идеите за прекројување на границите во регионот.

На прес конференцијата што двајцата лидери ја одржаа по нивната средба во Брисел неизбежно беше прашање за наводните „нон пејпер“ документи што циркулираат во ЕУ и содржат идеи за прекројување на границите на Босна и Херцеговина и другите земји во регионот.

Шефот на дипломатијата на ЕУ рече дека никогаш не добил таков документ, но дека слушнал за него.

-Сакам да ја искористам оваа прилика да ја потврдам нашата постојана и недвосмислена поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина и на другите земји на Западен Балкан, треба да се фокусираме на работи што се важни, а не да дебатираме за идеи што се дистракција од идејата да се внесе целиот Западен Балкан во ЕУ, тоа е една од најважните работи на мојот мандат. За да го разјаснам ова ќе се јавам вечерва до претседателството на БиХ, рече Борел.

Српскиот претседател, исто така, изјави дека не е запознаен со таков документ, но додаде дека за разлика од многумина тој е отворен да разговара за сите идеи, иако неговиот фокус останува подобрувањето на економијата и приближувањето на Србија кон ЕУ.

-Го поддржуваме интегритетот на Босна и Херцеговина сум го рекол тоа илјада пати, но, исто така, го поддржуваме и интегритетот на Република Српска во рамките на БиХ како наша обврска која произлегува од Дејтонскиот договор, рече Вучиќ.

На средбата со Борел станало збор и за дијалогот со Приштина, чија следна рунда би требало да се одржи на 11 мај. Српскиот претседател се заложи за конструктивен пристап и создавање атмосфера која ќе овозможи постигнување на компромис со Косово во рамките на дијалогот и изрази надеж дека и косовската страна ќе покаже ист степен на ангажираност.

Би можело да ве интересира

Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски