Вучиќ од собирот во Нови Сад: Имаме повеќе инвестиции од цел регион заедно

Од:

Во рамки на кампањата „Иднината на Србија“ во Нови Сад се одржува голем митинг на плоштадот од каде српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека ќе се спротивстават на насилството од опозицијата.

-Дами и господа, ако може да ве замолам да ги спуштите транспарентите и знамињата да видат колку луѓе излегоа само во Нови Сад, рече Вучиќ.

Денеска добивате два подароци во Нови Сад, едниот е најмоќниот приозводител на чоколадо, а ќе добиете уште една инвестиција која ќе овозможи вработување на стотици луѓе.

За неколку месеци ќе имаме повеќе километри автопатишта од Хрватска, тоа се резултатите кои остануваат зад нас, рече српскиот претсефател.

-Кога во историјата сме имале во суфицит со Хрватска? Кога Србија имала повеќе директни вложувања од сите земји во регионот заедно? Верувам дека за една и пол година и по висината на платата ќе бидеме пред сите нив во регионот. Тоа успеавме да го направиме на здрави основи, не со позајмувања, рече Вучиќ.

Треба ли да се плашиме од 10 посто луѓе кои со сила сакаат да дојдат на власт? Срам ми е да гледам како корнат сообраќајни знаци.

-Доста беше од вашето пљачкосување, време е некој да работи за иднината на Србија, порача Вучиќ.

Во Србија насилство и фашизам нема да поминат, на тоа заедно ќе се спротивставиме. Србија е посилна од било кога, тоа мора да го знаат сите што мислат дека ќе не фрлат на колена, рече Вучиќ.

Митинзите се одговор на протестите на опозицијата и покажување низ бројка на луѓе кој повеќе има сила. За Нови Сад беше најавено дека нема да се носат луѓе со автобуси од други делови на Србија. Медиумите известуваат дека на собирот во Нови Сад имало над 40 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Голем пожар кај Нови Сад: Гори голем дел од населбата „Бангладеш“

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“