Вучиќ од Прага: Дали вие ја казнувате Русија или Србија?

Од:

Одлуката дали Србија ќе може да увезува руска нафта – одложена е за 1 декември. По првиот самит на Европската политичка заедница во Прага, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тврди дека Хрватска инсистирала Западен Балкан да не биде изземен од санкциите за руската нафта, велејќи дека во тоа гледа желба да се напакости на Србија. Тој се заблагодари за поддршката на Европа за интерконектор Србија-Бугарија, што во плановите е вклучено финансирање на интерконекторот Србија-Северна Македонија, јави дописиникот на МИА од Белград.

dobivaj vesti na viber

Најважниот заклучок (на самитот) е дека изградбата на поврзувачки преносни системи, електроенергетски мрежи, гасни интерконектори, нови гасоводи, нафтоводи – за да може да се искористи она што од целиот свет ќе дојде од енергетските извори до европско тло во наредниот период, изјави за новинарите претседателот на Србија, Александар Вучиќ по самитот во Прага.

-Им се заблагодарив на Европа за поддршката за интерконекторот Србија-Бугарија, за тоа што во плановите беше вклучено и финансирањето на интерконекторот Србија-Северна Македонија, за во иднина да се поврземе на две места, рече Вучиќ.

„Вчера, на таа средба, кога требаше се да помине, на иницијатива на Хрватска, а поддржана од две земји, една балтичка и една недалеку од балтичките земји, од дневен ред беше отстрането дерогирањето на нормата за Западен Балкан. Хрватскиот премиер излезе со теза дека не е фер Србија да има пониска цена на нафтата. А претпоставувам дека е фер што ја имаат некои европски земји. Па чекајте, дали вие ја казнувате Русија или Србија“, праша Вучиќ.

Тој им се заблагодари на бугарскиот претседател Радев и на грчкиот премиер Мицотакис, кои посочија дека тоа што е предложено не е фер.

-Морам да кажам дека на вториот панел добив информација дека и Орбан и Рама го изразиле своето незадоволство. Не е лошо што таа одлука засега е одложена. Ние сме помал потрошувач од Унгарија, Чешка и Бугарија, така што сега веројатно тоа би бил проблем, а овие трошат повеќе руска нафта, и тоа не им пречи. Овде имаше само желба да и се напакости на Србија, рече Вучиќ

Претседателот на Србија зборуваше за санкциите против Русија, кои Белград не ги воведе.

-Ја разбирам позицијата на Европската унија. Тие се во голем конфликт со Руската Федерација, но заборавија на нашата ситуација во 1999 година. Мнозинството не ја разбира таа ситуација и затоа не е така лесно, кажа тој.

Вучиќ се осврна и на оваа нова политичка заедница предложена од Емануел Макрон.

-Се собравме да покажеме дека припаѓаме на Европа. Тоа е многу корисно за нас, идеална можност да имаме добри состаноци, да дознаеме некои работи. Видов што повеќемина почнуваат да прават во нивните земји во врска со енергетската криза. Нам ова ни значи, а кога и како ќе продолжи или успори европскиот пат затоа потоа, заклучи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

САД размислуваат да ја прогласат групата Вагнер за терористичка организација

Ана Ололовска

Велика Британија најави нова рунда санкции за уште 22 Руси

Ана Ололовска

Руските разузнавачи тврдат дека Полска се подготвува да припои големи делови од Украина

Ана Ололовска

Учениците насилници од Трстеник избркани

Катерина Павлова-Николовска

Русија испрати предупредување до САД

Горан Наумовски

Поради насилство во училиштата просветарите во Србија ја прекинуваат наставата

А1он