Вучиќ од Обединетите Арапски Емирати доби една милијарда долари со само три отсто камата

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, денеска изјави дека министерот за финансии Синиша Мали потпишал договор со ОАЕ, со кој Србија добива една милијарда долари, по поволна каматна стапка со само три отсто камата.

-Ако излеземе на финансискиот пазар, тоа ќе нè чинеше најмалку 2,5 пати повеќе. Овој договор е како подарок и огромна поддршка за Србија, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Вучиќ објасни дека во јануари доспеваат обврските од старите кредити кои Србија треба да ги врати, а за да не се трошат парите што ги има сега, а мора да купува скапа енергија на пазарот, со овие пари се обезбедува целосна ликвидност со солвентноста што ја има државата.

Тој истакна дека Србија ќе добие финансиска поддршка и средства со двојно помала каматна стапка по која се задолжуваат западните земји.

Вучиќ за време на посетата на Абу Даби со шеикот Мухамед бин Зајед разговараше за потенцијалните инвестиции на Емиратите во Србија, како и за енергетската криза, каде меѓу двете земји беа потпишани девет договори.

Тој изјави дека во делегацијата има и луѓе од воената индустрија, бидејќи Емиратите се заинтересирани за многу српски производи.

-Буквално сега можеме да продаваме трипати повеќе од производството во следните 30 години. Сите сакаат да купуваат муниција, гранати, ракети, бомби, сè што правиме, посочи тој.

За шеикот Мухамед бин Зајед кажа дека е близок пријател на (францускиот претседател) Емануел Макрон, и да (германскиот канцелар Олаф) Шолц доаѓа да го посети за шест дена, истакнувајќи дека шеикот Бин Зајед е еден од најмоќните луѓе во светот, кој ја почитува Србија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Вучиќ: Српскиот народ никогаш нема да се согласи на притисоци и бесмислени обвинувања

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убијците на Данка мислеа дека ќе останат неказнети, овој чин заслужува смртна казна

Горан Наумовски