Вучиќ: Новиот американски претседател што поскоро да предложи план за прекин на огнот во Украина

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека новиот американски претседател треба да предложи план за прекин на огнот во Украина.

Во интервју за американски Блумберг, тој рече дека предлогот за примирје на победникот на изборите на 5 ноември е единствениот излез од конфликтот кој трае веќе три години, иако тоа може да биде тешко за претседателите на Русија Владимир Путин и на Украина Володимир Зеленски да го прифатат.

– Направете примирје што е можно поскоро. Тогаш ќе има начини да се постигне долгорочен мир, но направете го овој прв чекор што е можно поскоро – рече Вучиќ.

Тој додаде дека прекинот на борбите не само што ќе стави крај на крвопролевањето, туку ќе биде во најдобар интерес на Западот. Американската агенција наведува дека Вучиќ долго време балансира меѓу Истокот и Западот, како и дека Србија, иако не се приклучи на западните санкции против Москва, му пружила помош на Киев и го осудила нападот на Русија.

Се додава дека Вучиќ неодамна, за прв пат по две и пол години, телефонски разговарал со Путин, кому му рекол дека нема да може да ја прифати неговата покана за учество на самитот на БРИКС што се одржа од 22 до 24 октомври во Казан.

– Така прават господата, така прават вистинските мажи во такви околности, дури и ако другата страна очекува поинаков одговор – изјави Вучиќ за телефонскиот разговор со Путин.

Тој додаде дека го прашал Путин за ситуацијата во Украина и дека ја покренал темата за прекин на огнот, но Путин не покажал никаков интерес и рекол дека ќе бидат исполнети сите цели на специјалните воени операции.

Вучиќ изјави дека со Путин разговарал и за тригодишниот договор меѓу Србија за испорака на руски гас, кој истекува следната година.

– Ќе мораме многу брзо да започнеме разговори, што нема да биде лесно – рече Вучиќ и додаде дека следната недела ќе разговара со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев за расположливите количини гас и потоа ќе има јасна слика што треба да да се направи со Русија за тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Украина го изврши првиот напад врз севернокорејските војници во областа Курск

Украинската армија собори 50 беспилотни летала

Петмина повредени во гранатирањето на Харков

Руските трупи го гаѓаа Харков со балистичка ракета

Вучиќ: Едно лице од Македонија загина во трагичниот настан во Нови Сад

Горан Наумовски

Орбан: Трамп може да ја запре војната во Украина