Вучиќ: Никој не ни нуди поделба на Косово, ништо нема да ни дадат

Од:

Никој не ни нуди ништо за Косово, ништо нема да ни дадат, Америка го призна Косово и бара независност и Америка нема да го промени својот став. Како Господ бог ве молам луѓе, слушнете ме што ви велам. Тие нема да ни дадат поделба, никој нема да ни даде ништо. Ако некој ни понуди нешто, јас тоа ќе го зграпчам! Јас нема да ве лажам како некои, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ пред новинарите на отворањето на ветропаркот во Мермер кај Ковин.

Одговарајќи на прашање за вчерашниот разговор во Белград со специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел, тој додаде дека му треба време да размисли за овој разговор и да види што може следно Србија да направи. Само тогаш, истакна тој, ќе излезе во јавноста.

-Разговорот беше сериозен, отворен и одговорен и тоа е сè што можам да кажам, повтори Вучиќ во два наврати и продолжи: За разлика од другите политичари, не сум толку умен да можам да кажам големи приказни, сакам да помине одредено време и да размислам, да видиме што можеме да сториме за одредени теми и само тогаш да излеземе во јавноста.

Во врска со средбата меѓу Вучиќ и Гренел, советникот на претседателот на Србија, Сузана Васиљевиќ изјави дека разговорот бил многу тежок и дека не може да даде детали, додавјќи дека тие сами разговарале првите десет минути, а потоа им се придружил директорот на Кабинетот на Владата на Србија за Косово, Марко Ѓуриќ.

-Она што беше чудно е што првпат претседателот самиот пишуваше службени белешки од состанокот, бидејќи разговорот очигледно беше доста тежок и тој вчера не беше подготвен ни со нас да разговара за тоа, рече Васиљевиќ.

Би можело да ве интересира

Усвоени договорите за ФРОНТЕКС со Србија и Црна Гора

А1он

Гојковиќ со претставници на Европскиот парламент разговарала за изборните услови во Србија

А1он

Тачи одбива да учествува во преговори со Србија водени од посредниците од ЕУ

А1он

Тепиќ: Го пријавив во Интерпол „исчезнувањето“ на српскиот Републички јавен обвинител Загорка Доловац

Ана Ололовска

Бурни реакции во Србија по одлуката на Подгорица да не ги отвори границите за српските државјани: Ако не нè сакате, ќе одиме во Хрватска или Грција

Ана Ололовска

Косовската влада презела обврска за примена на сите договори од Брисел и оној за ЗСО

Ана Ололовска