Вучиќ: Никогаш никој не ми споменувал размена на територии

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на прес-конференција во Палатата на Србија, изјави дека „никогаш во неговиот живот“ никој не му кажал дека постои идеја за размена на 17 српски села во Косово за Прешево, Бујановац и Медвеѓа и дека таквите работи никогаш не ги коментирал, затоа што за нив слушал само во медиумите, јави дописникот на МИА од Белград.

– Јас не одговарам на тие идеи затоа што е сосема бесмислено. Кога ќе ја погледнете Медвеѓа, само може да се насмеете, затоа што во Медвеѓа живеат 6,6 проценти Албанци. И што е спорот со Бујановац и Прешево? Не го забележав. Во Бујановац живеат 42 отсто Срби, јас не разбирам за што станува збор? Какви 17 села, па ние на северот имаме четири српски општини и уште шест непризнаени мнозински општини, рече Вучиќ.

Тој оцени дека нема проблем со тезата дека косовското прашање не може да се реши со промена на границите.

– Еве и ние исто така имаме наши граници и според Уставот на Србија и според Резолуцијата 1244. И да видам што ќе правите сега, додаде Вучиќ.

Тој рече дека на средбата со амбасадорите на Квинта, неодамна ги прашал што тие гледаат како вистинско решение за косовскиот проблем, освен „празни приказни кои им ги продаваат на весниците“.

– Сè уште не добив одговор на тоа. Јас насетувам што би можело тоа да биде. И ако тоа е она што го насетувам, мојот одговор ќе биде:„ Не! “, истакна Вучиќ.

Тој порача дека се плаши од тоа што многумина сметаат дека решението на проблемот на Балканот е исклучиво во понижувањето на Србија и дека тоа не е можно затоа што проблемот само ќе се зголеми доколку продолжи да се создава нерамнотежа во регионот.

– Сè на Балканот мора да биде плод на компромис, а победи може да се бараат само во економијата, а не во териториите и протерувањето на другите, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави и дека европските земји се повеќе се занимаваат со дискусијата на Белград и Приштина и додаде дека „големите“ си даваат за себе право дека сè е нивни интерес и дека „ имаат право да прават се што можат“.

Би можело да ве интересира

Дачиќ негира дека Србија ја прекинала кампањата против признавањето на Косово

А1он

Србија сака да покрие дел од трошоците од пандемијата со помош на Фондот за солидарност на ЕУ

А1он

Вучиќ: Отворени сме за разговорите со Приштина

А1он

Дачиќ: Именувањето на Лајчак за посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина има позитивни и негативни страни

Ана Ололовска

Михајловиќ: Србија ќе гради брза пруга и од Белград до Ниш

Ана Ололовска

Вучиќ: Мерките на Приштина се „луди“

А1он