Вучиќ: Не сум сигурен дека ќе има некаква корист од моето одење во Тирана, но сигурно ќе има многу штета ако не одам

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе оди во Тирана на Самитот на ЕУ посветен на Западен Балкан.

„Разговарав со пријатели, претседатели на неколку земји и премиери. Не се работи за мојата суета, немам проблем… Мора да разберете дека десет и пол години се трудам, секој ден, да не изразам ништо емотивно. Понекогаш емоциите едноставно те обземаат и не знаеш како да реагираш и што да правиш. Тоа е кога некој само ти создава кризи со месеци, а тие кризи се нешто за кое медиумите само известуваат и јас морам да живеам со тоа. Едноставно ти се случува, јас сум жив човек, емотивно да реагираш. Да повторам уште еднаш – ниту сум глупав, ниту пијан, ниту луд, иако на многумина им изгледа така. За мене е важно се што кажав да биде вистина“, изјави Вучиќ.

На прашањето дали ќе оди во Тирана, Вучиќ рече дека на Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се донесат некои добри одлуки за Србија.

„Нашиот заклучок е дека не сум сигурен дека ќе има некаква корист од моето одење во Тирана, но сигурно ќе има многу штета ако не одам. Можеби би покажал дека мојата суета е посилна и поголема, но секако дека би била голема штета за државата, во поглед на привлекување инвестиции и се останато. Вака, без разлика што темата е Западен Балкан и на неадекватен начин ќе почнат да зборуваат за санкциите кон Русија и за проблемот со Косово. Можеби моите колеги се во право кога велат дека е подобро да се слушне барем еден одговор отколку да не се слушне ништо. Така, утре ќе одам таму во текот на денот“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија не влегува во НАТО

Вучиќ: Не смееме да ги потцениме заканите од Западот

Вучиќ: Можеби ќе треба да воведеме санкции кон Русија

Ана Ололовска

Вучиќ: Најтешкиот дел од европскиот план предвидува да не се противиме на членство на Косово во меѓународните организации

Вучиќ за судењето на групата на Беливук: Знаевме дека снајперистот е за мене, Лалиќ не смее да лаже

Вучиќ за Косово: Би било добро да постигнеме најголемо можно единство, но не верувам

А1он