Вучиќ не оди Црна Гора за Бадник: Не сакам да му дадам алиби на црногорскиот режим

Од:

Јасно ви е дека во Црна Гора ѕа Бадник нема да одам, иако таа посета ја подготвувавме, кажа престедателот на Србија Александар Вучиќ по утринската средба со патријархот на СПЦ, Иринеј.

Како што објасни, идејата била да се оди до Плевлје, но сепак нема ништо од тоа зошто не сака „да им остави простор да ја обвинуваат Србија за што било“.

-Сакав да одам, но нема ништо од тоа. Не сакам да давам причина за судири. Не сакам да му давам алиби на црногорскиот режим дека тоа е напад на независноста и уставниот поредок на земјата, рече Вучиќ.

-Мислев дека е нормално, вообичаена работа, а потоа сфатив дека по реакциите од кабинетот во Црна Гора дека ако дојдам приватно, беа политички говори, беа ништо, само да дојдам во својата црква, дека тоа не е по волја на црногорскиот режим, рече Вучиќ.

Тој рече дека клучна порака до Србите во Црна Гора е „дека сме единствени и сакаме мир“.

-Постојат многу кои ќе кажат дека нема потреба српскиот народ да се издвојува од останатите, дека не мора да пишува дека се од српска националност. Сметав дека треба да го зачуваме опстаникот на српскиот народ во Црна Гора, и на жестоката кампања за асимилација на Србите да одговориме со пристојност, рече Вучиќ.

Тој кажа и дека обвинувањата на црногорскиот премиер Душко Марковиќ за палањето на црногорското знаме кое го нарече „запрепастувачко однесување“.

-А не е запрепастувачко што донесовме 1000 полицајци да ја штитат амбасадата, што не го прашавте наросот кога го признававте Косово, што своите делегации ги испративте на прославата на „Олуја“…Па сега се дрзнавте да кажувате дека не сме ја заштитиле амбасадата, а и лажевте дека луѓето сакале да упаднат внатре, рече Вучиќ.

Како не ви е срам лажговци низаедни, се обрати до церногорските власти српскиот претседател Вучиќ.

-Нашиот народ секаде ја слуша химната на Црна Гора. Уште и во НАТО не пријавивте. Да не сакате да не бомбардирате?-праша Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Од нас се бара признавање на Косово, санкции за Русија, Западот сака марионетски режим во Србија