Вучиќ му го предаде на Додик нацрт-законот за заштита на српскиот јазик и кирилицата

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му го предаде на српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, нацрт -законот за заштита на српскиот јазик и кирилицата, што треба да го усвојат собранијата на Република Србија и на Република Српска на Денот на националното единство на 15 септември, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ објави на Инстаграм дека бил домаќин на Додик и дека со него водел „суштински разговори за иднината на целиот регион“.

Како што наведе, тие особено ја разгледале иницијативата Отворен Балкан, но и конкретни проекти, како што е изградба на дел од автопатот од Кузмин до Бјелина.

-Се согласивме дека соработката меѓу Република Србија и Република Српска е исклучителна на сите нивоа и дека српскиот народ не смее и не може да си дозволи никакви конфликти и враќање во минатото, посочи Вучиќ.

Тој кажа дека единството и здружената акција во областа на економијата, културата, образованието, историската меморија во ниту еден момент не смеат да се доведуваат во прашање.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“